Балкан
20. September 2016 - 11:05

Доказ кој води до убиецот на Јелена: Ќерката откри што и дала нејзината мајка пред да замине да трча!

Инспекторите уште од првиот ден се сомневаат дека Зоран знае некои информации во врска со убиството на Јелена.

Зоран Марјановиќ (38), сопругот на брутално убиената Јелена Марјановиќ (33). Повторно е сослушан во полиција за во истрагата да ги разјасни сите недоумици во врска со кобниот ден кој пејачката исчезнала. Според зборовите на извор од истрагата, инспекторите посебно ги интересираше како капчето најдено покрај телото на Јелена која на 2-ри април на насипот во Борча непосредно пред злосторот, и го дала на три годишната Јана.

Според информациите, девојчето за време на разговорот со полицијата раскажа дека тој ден на мајка и дала цуцла, а таа на нејзе капче, по што Јелена отишла на трчање.

Малата Јана иако има 5 години, и понатаму носела цуцла. Јелена на сите начини се обидувала да ја одвикне од таа навика, но детето и понатаму ја носела. Се ова околу исчезнувањето за неа било премногу стресно. Инспекторите поради тоа неколку пати разговарале со неа. Биле внимателни за детето на некој начин да не биде повредено. Јана во еден од разговорите, кога стекнала верба во инспекторите, раскажала дека тој ден која нејзината мајка исчезнала, со родители биле на насипот во Борча. Таа рекла дека нејзината мајката се спремала за трчање, а таа останала со татко и и чекала да се врати, вели соговорник, за српски Телеграф.

Според зборовите, полицијата најмногу ја изненадило кога Јана во еден разговор им рекла дека кај неа останало капчето на нејзината мајка кое е пронајдено до нејзиното тело.

Девојчето раскажало како Јелена и рекла„Дај и ја на мама цуцлата, а јас ќе ти го дадам капчето. Чувај го додека не се вратам“. Јелена на тој начин сакала детето да го одвикне од цуцлата. За жал тоа бил последен пат кога мајката и ќерката се виделе.