Македонија
25. March 2017 - 16:56

Дојран се подготвува за новата летна сезона

Новата сезона Дојран ќе ја дочека со нова плажа. Дивата плажа во Николиќ која важи за една д најубавите на Дојранското крајбрежје од оваа година ќе стане  достапна за сите туристи. Изградбата  е веќе   започната а градежната механизација интензивно работи на подготовка на теренот  наменет за новата плажа која според најавите треба да биде готова до почетокот  на летото. Плажата има должина од 100 метри и се протега во правец Исток - Запад помеѓу атарот на селото Николиќ и завршува до границата со Грција. Проектот за нејзино уредување чини околу 6 милиони и 300. 000 денари,а општина Дојран го реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Се  работи за еден од трите  минатогодишни проекти  за кои беше потпишан договор со  бирото за регионален развој.

-Ова населено место ќе добие нова туистичка дејност. Со овие проекти, со проектите кои се рализираа изминатите години и кои се започнати годинава продолжува градежната офанзива која во Дојран веќе трета година не е застаната, вели Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран

Освен на плажа, општина Дојран работи и на урбанизација на селото Николиќ. Со реализацијата на овој  проект кој е во завршна фаза се очекува да се овозможи  продажба на плацеви и изградба на викенд куќи во ова населено место за кои веќе постои интерес. Во меѓувреме од општина Дојран најавуваат дека во иднина во план е урбанизирање на просторот околу плажата со цел да се направи современ авто камп за кој овде постојат иделани услови.