Бизнис
28. October 2015 - 18:36

„Doing business 2016“: Македонија прва во регионот, 6-та во Европа, 12-та во светот од 189 земји

Шеста во Европа, 12 во светот во конкуренција на 189 земји. Македонија континиурано во текот на овие 9 години ја подобрува бизнис климата.

Во 2006 Македонија беше 94 на листата на Доинг бизнис на Светската банка или 82 места подолу од сега. Лани беше 30 на истата листа.  

Годинава е подобра од многу поразвиени земји и останува лидер во регионот.

Македонија е втора во светот според индикаторот почнување бизнис и само Нов Зеланд има подобри резултати од земјава. Напредокот е направен со воведувањето на електронскиот регистар кој овозможи регистрација на фирма за два часа, без нотарски трошоци и без надомест за упис во регистарот.

Земјава е седма според индикатотор плаќање даноци. Од 54 постапките пред шалтерите на УЈП се намалени на 7 годишно, а ефективната даночна стапка е ниска и изнесува 7,4%.

Индикатрот издавањето градежни дозволи ја рангира земјава на 10 место во светот. За двете години бројот на постапки е намален  двојно, а времето на чекање на три пати.

Подобрување има и во сите останати индикатори кои ги зема во предвид извештајот на Светската банка. Пред девет години според сите овие критериуми во кои сега земјава е првите 15 во светот, била пласирана од 70 до 90 место.

Извештаите на Светската банка се релвенатни затоа што инвеститорите ги земаат во предвид кога ностат одлуки за идните инветсиции.

Премиерот ветува дека реформите за подобрување на бизнис климата ќе продолжат затоа што тие носат нови инвестиции, нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните што е врвен приоритет на Владата.