Македонија
13. January 2016 - 17:08

Договорот од Пржино јасен - Ако нема избори на 24 април, нема да има повлекување на Груевски

Без цврсти гаранции дека изборите ќе се одржат на 24 април 2016та, нема основа да се очекува повлекување на премиерот Груевски на 15ти јануари.

Договорот од Пржино јасно утврдува дека техничката влада на чело со технички премиер од ВМРО ДПМНЕ треба да биде избрана 100 дена пред изборите. Ако датумот за избори биде променет, се менува и рокот за избор на техничката влада.

Во документот кој на 15ти јули во Пржино го потпишаа Груевски, Заев, Ахмети и Тачи со посредство на меѓународната заедница јасно стојат роковите за оставка и одржување на изборите.

- Актуелната влада ќе поднесе формална оставка до Собранието во соодветно време за да овозможи новата влада да положи заклетва на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што треба да се одржат на 24 април 2016 година. Новата влада ќе биде предводена од премиер номиниран од ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината програма ќе биде ограничена на организација на предвремените парламентарни избори.

- Погорното правило дека актуелната влада треба да даде оставка и да ја напушти функцијата 100 дена пред следните избори и дека нова влада треба да биде именувана, ќе биде применето на изборите во април 2016 година, а по усвојувањето на неопходните законски измени, ќе се применува и за идните избори- СТОИ ВО ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР.

Со датумот за избори се врзува и денот на именувањето на техничките министри и заменици министри од СДСМ во Владата. Одложувањето на изборното соочување значи автоматско стопирање и одложување на нивното учество во владата на Груевски.

Аналитичарите на СОРОС и СДСМ уште еднаш прават обид да го заобиколат договореното надевајќи се дека премиерот Греувски ќе поднесе оставка а изборите ќе се случат најрано во септември. Ваквото за Заев посакувано сценарио не е утврдено ниту во Пржино ниту во законските одредби усвоени од парламентот.

Дека очекуваат одржување на изборите во договорениот термин- 24 април, порачаа и европратениците кои повикаа на итно спроведување на преостанатите обврски од договорот а слична порака пристигна и од Вашингтон. Последната гаранција дека договорот ќе биде спроведен а изборите ќе се одржат треба да пристигне од еврокомесарот Хан кој во Скопје ќе пристигне на 15ти јануари.

Заев изминатите денови испраќаше јасни пораки дека за него и неговата партија договорениот датум за избори е неповолен. Во денешната изјава за еден портал тврди дека роковиоте се веќе пробиени и дека нема услови за одржување на изборите на 24 април.