Македонија
15. March 2018 - 17:09

Договорите на дело ги бркаат медицинските сестри од државата

Работењето без да бидат здравствено и пензиско осигурани е главната причина веќе обучениот средномедицински кадар да заминува од јавното здравство, велат од Унијата на здруженија на медицински сестри. На ваков начин со нерешен статус и со договор на дело на месец или половина година во болниците и клиниките работат стотици медицински сестри, болничари и друг помошен персонал.

- Нерешениот статус е една од главните причини за средномедицинскиот кадар да си оди и да бара подобри услови, изјави Гордана Бешлиовска, Унија на здруженија на медицински сестри.

И покрај нерешениот статус голем број средномедицински кадар согласен е да работи и со договор на дело, таков е и примерот со избрканите сестри и болничари од Клиниката за уво, нос и грло.  Меѓу нив е и трудница која поради ваквиот работен ангажман не ја следува платено породилно отсуство. Таа заедно со 11-те колеги сеуште чекаат согласност од надлежните министерства за здравство и финаниии за да продолжат да одат на работа на Клиниката за ОРЛ.