Балкан
14. December 2017 - 16:01

Договор за соработка меѓу армиите на Кипар, Грција и Египет

Министрите за одбрана на Кипар, Грција и Египет постигнаa договор за соработка против шверцот на дрога во регионот на источното Средоземно Море.

Според договорот на што го пиостигнаа кипарскиот министер Христофорос Фокаидис, грчкиот Панос Каменос и егиетскиот Седки Собхи, трите министерства ќе разменуваат информации и ќе формираат координативно тело за обука на специјалните сили на трите армии.ѓ

Соработката договорена денеска на Кипар ќе се однесува и на спасувачки операции во Средоземно Море, како и заштита на проектите за потрага по резерви на нафта и гас во регионот.