Балкан
27. September 2016 - 16:49

Додик: Ќе се појавам на сослушување, но не во Сараево

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека се уште не добил покана за сослушување од Обвинителството на БиХ поради организирањето референдум за Денот на Републиката во српскиот ентитет во Босна и Херцеговина.

Тој на прес-конференција во Бања Лука истакна дека нема да оди во Обвинителството на Сараево, но ќе се согласи да биде сослушан во секоја друга правосудна институција на територија на Република Српска.

Додик нагласи дека по добиените закани од бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ дека ќе ја има судбината на Моамер Гадафи, Садам Хусеин или Слободан Милошевиќ, не сака да го ризикува својот живот со заминување во Сараево.

Претседателот на Република Српска објасни дека заканата од Изетбеговиќ ја протолкувал како порака до сите екстремистички групи во БиХ и повик за негова ликвидација.