Македонија
17. February 2017 - 8:22

Доделување сертификати за познавање руски јазик

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе ги додели првите сертификати за познавање руски јазик.

На отворениот конкурс за бесплатни курсеви по руски јазик во предвидениот рок се пријавиле 983 лица. Со цел на сите пријавени да им се овозможи бесплатно изучување на рускиот јазик според највисоки стандарди, Рускиот центар при УКИМ нив ќе ги одржи во три турнуси до крајот на академската година.

На присутните ќе им се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, рускиот амбасадор во Македонија Олег Николаевич Шчербак и директорот на Рускиот центар и почесен конзул на Руската Федерација во Македонија проф. д-р Велимир Стојковски.