Македонија
6. October 2017 - 16:38

Доделени сертификати на лица со посебни потреби за помината обука и стекнати вештини за активно вклучување на пазарот на труд

Лицата со попреченост може активно да се вклучат на пазарот на трудот и да заработуваат сами. Потребна е само нивна професионална рехабилитирана ориентација. Со цел да им се помогне на овие лица и да се овожможи и тие да станат конкурентни на пазарот на труд министерството за труд и социјална политика заедно со УНДП и австриската амбасада  започна со имплеметација на пилот проект кој овозможува оспособување на овие лица согласно нивните можности. Во проектот се  вклучени 23 лица од кои 20 од заводот во Банко и 3 од Порака Неготино, како и 15 ментори .

,, Со овој пилот проект се покажува дека лицата можат да бидат оспособени за одредени работи, секако под менторска поддршка, затоа денеска им честитавме и на 15 ментори кои што се обучени за да професионално планираат и ги вклучуваат на пазарот на труд овие лица кои што се сместени тука за да понатаму оваа пилот програма стане и системски интегрирана во Македонија.,, рече Мила Царовска – министер за труд и социјална политика

Од УНДП велат дека еден од нивните приоритети е да ги гарантираат целокупните и еднаквите права на лицата со попреченост.

,, Тука се направија два многу важни чекори. Од една страна персоналот во институциите научи како може многу подобро да ги подготви своите корисници, да им помогне и да ги поддржи во таа интеграција на пазарот на трудот, а другиот чекор , другиот аспект е што самите корисници се запознаа и сфатија за своите способности кои што ги имаат за понатаму да може  да се вклучат на пзарот на труд.,, рече Луиза Винтон - УНДП

Од министерството за труд и социјална политика најавуваат дека нивна интенција во иднина ќе биде формирање и на социјални претпријатија во кои лицата со попреченост ќе може да се вклучат и да добијат можност сами да заработуваат од нивните вештини.