Loading Video...
Спорт плус
20. December 2017 - 17:44

Доделени наградите на најдобрите спортисти во Скопје за 2017 година

Вообичаено на крајот на календарската година спортските клубови и федерациите ги сумираат постигнатите резултати, а со тоа ги промовираат и најдобрите спортисти. 
 
Таков е случајот и со Сојузот на спортови на Скопје,  кој денеска им ги додели наградите на најдобрите спортисти од македонската престолнина за оваа година.
 
Најмногу награди доби актуелниот европски ракометен шампион Вардар.
 
Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е избран за најдобар спортист, пред Дејан Георгиевски (Теквондо) и Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање). 
 
Меѓу десетте најдобри уште влегоа:  Сара Ристевска (ракомет), Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), Слободан Ивчевски (мотоциклизам),  Дејан Недев (традиционално карате), Берна Шерифовска (џудо) и Дарио Ивановски (атлетика маратон).
 
За најдобар странски спортист е прогласен голманот на Вардар, Арпад Штербик.
 
Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез е најдобар тренер.
 
РК Вардар е најдобар клуб во машка конкуренција.
 
ЖРК Вардар е најдобар женски клуб.
 
За најдобар млад спортист е избран Петар Заборски од Макпетрол, пред Мартин Томовски (ракомет, Металург), Хамза Јашари (џудо, Миоки), Мила Саздовска (традиционално карате, Работнички) и Аид Салихаси (борење, Тефејуз)