Бизнис
22. February 2016 - 17:51

Доделени 18 социјални станови во Ресен

Осуманесет семејства од социјален ризик од општина Ресен денеска добија државни станови во зградата на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

На прелиминарната распределба присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директорот на акционерското друштво за Изградба и стопансикување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.

До Комисијата во Министерството за транспорт и врски, како што информира Мисајловски, стигнале 51 апликација од кои 31 се комплетни.

- По прелиминарната распределба ќе почнеме со одење на терен да ги провериме сите што ќе добијат стан дали нивните документи се веродостојни. По увидот граѓаните ќе склучат договор со јавното претпријатие застопанисување со станбен и деловен простор и ќе може да се вселат. Честитики за сите што добија, но да не се обесхрабруваат другите, бидејќи доколку има некој што не исполнува услови станот ќе му се додели на друг од листата што е објавена, појасни Мисајловски.

Зградата, според директорот Грозаданов е направена по сите ИСО стандарди и со енергетска ефикасност,а станарите за закупника ќе плаќаат симболична сума од 15 денари за метар квадратен.

- По прелеминарното извлекување и по дефинитивната листа оние кои ќе добијат решение за користењето на станвоите и ќе склучат договор со нашето акционерско друштво, можам да укажам дека закупнината е транспарентна и ќе биде 15 денари по метар квадратен. Нашето акционерско друштво се обврзува и понатака да ја одржуваа оваа зграда, односно сите аномалии што ќе се јават од забот на времето, како прокиснување во тек на годините, навремено да ги санкционираме за станарите да имаат одлични услови за егзистираат и да ги објавуваат сопствените потребите и потребите на семејството, рече Грозданов.

Владата, нагласи тој, не престанува тука, согласно потребите ќе продолжат и понатака да градат во Ресен доколку има потреба за социјално ранливи категории.

На семејствата кои добија социјален стан им честиташе и градоначалникот Стрезовски, според кој заврши реализиацијата на уште еден значаен проект за Ресен.

- Финализира уште еден исклучително значаен проект за Ресен и Преспа особено за лицата на кои помошта и поддршката им е најпотребна. Се надевам становите ќе бидат на вистинско место и во вистинско време за оние на кои им е потребен покрив над главата, истакна Стрезовски.