Доделена наградата „13 Ноември“ за 2017 година
Градоначалникот Петре Шилегов вечерва во МОБ ги врачи наградите „13 ноември“ што се доделуваат на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието.
Според Одборот за доделување на наградата, годинашни добитници на „13 ноември“ се: во областа на науката Горан Кондов, специјалист-хирург по градна хирургија, и пензионираниот професор од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Хаки Имери, во областа на образованието и воспитанието одделенскиот наставник во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје Јадранка Клисарова, а во областа на културата и публицистиката романсиерот, поет и издавач Димитар Башевски и поетесата и романсиер Пунторие Муча - Зиба.
Во областа на уметноста наградата ја добија обоистот Васил Атанасов и ликовниот уметник Стефан Хаџи - Николов, во областа на здравствената заштита и хуманитарна активност кардиоваскуларниот хирург Жан Митрев и наставникот по физичко и здравствено образование во ОУ „Рајко Жинзифов“ - Чаир Раде Илиевски, додека во областа на спортот фудбалскиот работник Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски.
Ново на Сител
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава