Бизарно но вистинито
23. February 2017 - 17:40

Додека шетал со ќерка му ова чудо му долетало директно во глава

50. годишниот Роберто Карлос Фернандез, одел со својата ќерка по улица, кога одненадеж, од зад грб му долетала автомобилска гума и силно го погодила директно во глава.
 
Несреќникот паднал како покосен, а неговата ќерка Каролина останала во шок без да знае што се случило. Минувачите притрчале во помош, а десет минути не можеле да го освестат.
 
- Одевме дома кога слушнав автомобилска сирена и погледнав, но не видов ништо. Одненадеж сирената стана погласна, а кога сфатив што се случува, тркалото го погоди мојот татко во глава - рекла Каролина за Extra Globo.
 
Амбулантно возило веднаш пристигнало и на Фернандез му била укажана медицинска помош. За среќа, минал само со полесни повреди.