Џет-Сет
8. May 2017 - 12:33

Додека Јелена се опоравува од операцијата еве што прави нејзиниот сопруг

Додека пејачката Јелена Карлеуша се опоравува од гинеколошката интервенција, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ се труди на ќеркичките Ника и Атина да им ги разубави деновите.

Фудбалерот објави снимка на која се гледа како неговите ќерки во автомобилот го скандираат името на клубот за кој тој игра и изгледа како добро да се забавуваат.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша во неделата е отпуштена од една приватна клиника во Белград каде во петокот и е направена операција за отстранување на миом.