Свет
14. December 2017 - 19:34

Добро погледнете ја оваа фотографија: На неа се крие огромно откритие на научниците

530 милиони години стар фосил го содржи веројатно најстарото око некогаш откриено, објавиле научниците.
 
Остатоците од изумреното морско суштество содржат примитивен облик на око, какво што денес може да се најде кај раковите, пчелите и вилинските кончиња. 
 
Експертите го откриле анализирајќи добро сочувани остатоци од трилобит пронајдени во Естонија.
 
Тие предци на пајаците и раковите живееле во морињата во периодот на палеозоикот, пред околу 541 до 251 милиони години.
 
Установено е дека древното суштество имало примитивен облик на композитно око, оптички орган кој се состои од сплет од ситни клетки познати како оматидии, слични на оние кај денешните пчели.
 
Меѓународен тим од експерти вели дека тоа откритие сугерира дека окото малку се променило во последните 500 милиони години.

"Овој неверојатен фосил ни покажува како животните го гледале светот околу себе пред стотина милиони години", вели професорот Хуан Кларксон од универзитетот во Единбург.

"Тоа што е неверојатно е што фосилот открива како структурата и функцијата на окото речиси да не се промениле многу во половина милијарда години", додал тој.

Истражувањето, спроведено во соработка со универзитетите во Единбург, Келн и Талин, објавено е во едно научно списание.