Живот
24. September 2017 - 13:36

Добро погледнете ја фотографијата: Тоа што го гледате ја открива вашата моментална состојба

Во зависност од тоа што гледате на оваа слика, вашата моментална состојба може да биде стрес, преокупираност со секс или самодоверба.
 
Оваа слика е дел од психолошки тест, кој како и низа други, направен е од страна на Херман Роршах. Неговите тестови се викаат Роршахови тестови. Погледнете ја добро сликата и прочитајте што значи тоа што сте го виделе.
 
Две личности
 
Важно е во каков однос се луѓето кои ги гледате. Битен е фокусот. Ова гледање крие и сексуална конотација, па доколку двете личности ги гледате во сексуален контекст, вие сте преокупирани со секс.
 
Некој се гледа во огледало
 
Тој некој сте всушност вие. Какви чувства имате кон оваа слика и дали можеби гледате крв? Крвта е поврзана со агресија и негативност. Чувствата на личноста која се набљудува себеси во огледало се вашите емоции кои ги имате кон себе.
 
Куче
 
Ова животно претставува вашето внатрешно битие, но и вашите стравови. Доколку во вам буди негативни емоции, можеби имате скриени стравови на кои би требало да се посветите.
 
Слонови кои играат
 
Овие нежни џинови се симбол на интелигенција и самодоверба.
 
Мечка
 
Ако гледате крвава мечка, длабоко во себе сте тажни. Вие сте чувствителни, со добри намери и наивни.
 
Две личности кои се молат
 
Ако гледате две личности кои се молат значи дека поминувате низ голема животна криза.