ДОБРИОТ ДОМАЌИН

Loading Video...

На Сител телевизија започнува нова турска играна серија, која на малите ТВ екрани ќе го врати познатиот Караман од хит комедијата „Зет домазет“. Во нова животна улога, актерот ќе ја долови повторно сестраноста на неговите претходни ликови и ќе навести романтична приказна која со нетрпение ќе ја очекувате.

Јасемин е млада, богата, но и разгалена девојка, која во сите животни ситуации реагира задоволно и среќно. Откако нејзиното семејство ќе банкнотира, баш тогаш нејзиниот свршеник Џем ќе ја остави на денот на свадбата. Разочарана од животот и дечкото, еден случаен момент ќе ја спои Јасемин со убавиот Сарп. Сарп инаку студирал во Америка, а сега се враќа повторно во Турција каде сака да работи на Универзитетот како професор, наместо да работи како инженер во големи компании. Случајната средба со Јасемин на автобуската станица ќе донесе недоразбирање меѓу двајцата млади, но и први искри на љубов кои ќе навестат романтична приказна.

Со оглед на тоа дека нејзиното семејство е во голема финансиска криза и мора да ја продадат големата вила, Јасемин и нејзините ќе одлучат да се преселат на одредено време во куќата на долгогодишниот шофер на семејството, Хасан. Таму, Јасемин ќе го сретне Сарп и ќе разбере дека тој е всушност внук на нивниот шофер, а пак Сарп ќе биде изненаден од откритието дека Јасемин е сестра на Ѓул, неговата девојка која ја запознал во Америка, каде студирале и двајцата.

Јасемин и нејзиното семејство започнуваат живот во сосема поинакви услови и навики, живот каков што не ни замислувале, и на кој ќе мора да се прилагодат, затоа што друго решение во моментот нема. За шоферот Хасан неговите газди се добредојдени во неговиот дом и ќе направи се што може за да им удоволи.

Но, во таа куќа, за Јасемин ќе биде тешко да го заборави Џем и да ги прикрие страстите кои се појавуваат кон Сарп. А пак за него, за внукот на Хасан, ќе биде тешко да се раскине со Ѓул и да се започне врска со нејзината сестра.