Доаѓа „Сибирски бран" - очекувајте многу снег и ледени температури
Во поголем дел од државата е студено со врнежи од снег и минимални температури под нулата.
Врнежи од снег од утринава има во западните делови од државата, а долж Повардарието дува засилен северен ветер. Во текот на денот врнежите од снег ќе биде повремени, а поообилни се очекуваат во ноќните часови.
Дневната температура нема да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а на планините и значително пониска, особено во северните делови.
Врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина, почнувајќи од претпладневните часови, а пообилни ќе бидат во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде околу нулата. Поради влијанието од многу студена и влажна воздушна маса пообилни врнежи се очекуваат и утре претпладне кога на пониските места ќе се формира снежна покривка од околу 10 до 15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см.
Во вторник послаби врнежи од снег ќе има во западните и јужните делови од земјава.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка