Македонија
8. October 2015 - 15:11

До крајот на неделава дожд, за викендот и до 50 литри на метар вадратен

Облачно време со повремени локални врнежи од дожд и слаб ветер од променлив правец ќе преовладува утре во Македонија, а ваквото време ќе се задржи и за продолжениот викенд кога наместа врнежите ќе бидат пообилни.

Температурата утре ќе се движи од 16 до 21 степен, а во Скопје утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната до 19 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, во сабота и недела локално се очекува  да наврнат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, а во недела повремено засилен југоисточен ветер.

Во понеделник врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет, особено претпладне.