Бизнис
11. December 2017 - 19:55

До крајот на идната година либерализација на пазарот со струја

До крајот на 2018 година граѓаните најверојатно ќе излезат на отворен пазар- сами ќе одлучуваат од кого  ќе купуваат струја.   Ова го налага новиот закон за енергетика. Иако претохдно се говореше дека либералзиација на пазарот на електрична енергија  на домаќинствата ќе им донесе поскапа струја , економските министри  уверуваат  дека тоа нема да се случи освен ако  не дојде до промена на цената на светските берзи.  Со либерализацијата граѓаните ќе добиваат и две фактури – за струја а на ЕВН ќе му плаќаат за одржување на мрежата. Домаќинствата пак кои нема да сакаат да  купувата струја на отворен пазар државата ќе треба да им обезбеди универзален снабдувач кој ќе се избира на тендер и  ќе  функционира како таков наредните пет години.

Со новиот зкаон за енерегтика се предвидува и постоечката компанија за гас ГАМА да се спои со МЕР, а сопственикот на гасовдната мрежа нема да може да врши и  трговија на гас.

- За тој проблем преговараме со МАКПЕТРОЛ кој има дел од од гасоводот а се занимава и со трговија на гас. Тие се сложни цефководот да остане на ГАМА а да прод0лжат да вршат трговија на гас, рече  Кочо Анѓушев- вицепремеир за економски прашања

Околу европската директива која налага држвата да не биде соптвеник и на преносот и на прозвдоствотот на струја односно на ЕЛЕМ И МЕПСО, Анѓушев посочи дека компаниите ќе останат во државна сопсвеност. Новит  закон би требало да биде донесен до март следната година, потоа во рок од девет месеци треба да се напрваат сите подготовки за либерализација на пазарот на струја што е можно целуто процес да биде завршен до крајот на идната година.