Бизнис
27. February 2017 - 19:39

До крајот на годината ќе бидат воведени пластични пари во Македонија

Банкнотите од 10 и 50 денари ќе бидат пластични. Во тек се подготовките за пуштање на првите количини од ваков материјал на македонскиот пазар. Ќе се најдат во оптек до крајот на годината,  доколку се се одвива според планираното.

Според изнесените информации од порталот Вечер парите од пластика имаат подобар квалитет и ќе бидат со многу подолг век на траење.

Анализите покажале дека овие пари можат да издржат без оштетување и во машините за перење. Се деформираат и топат на температура од 120 степени целзиусови. Освен што траат до 6 пати подолго од хартиените, потешко се фалсификуваат и подолго остануваат чисти.

Отпрвин книжните пари во овие апоени требало да бидат заменети со ковани монети.  Замената се сметала за најисплатлива. Хартиените пари како најупотребувани во платниот промет најбрзо се оштетуваат, а  трошоците за нивно печатење се мошне високи.

Но сликата на пазарот покажала дека граѓаните многу често ги губат железните пари. Тие едноставно немаат однос кон нив како кон книжните банкноти. Парите не се враќаат во прометот туку исчезнуваат.

Лани Велика Британија пушти во оптек пластична банкнота од 5 фунти. Во Канада пак  пластичните пари се користат веќе две децении.