До крајот на Декември на сметка ќе добиете минимум по 9000 денари
Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.
Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во поселдните три месеци. Врз основа на овие пресметки, минатата година тој износ беше најмалку 8.909 денари – најмалку 40% од просечната нето плата, а најмногу до 13.116 денари – најмногу до 40% од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.
Зголемувањето на минималнецот од 10.080 на 12.000 денари и постојаниот пораст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија се двата фактори коо влијаат на тоа работниците на крајот од годината да добијат поголем износ за К-15 во однос на оној кој беше исплатен минатата година.
Нашата пресметка врз основа на податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на просечната нето и бруто плата во месец јуни покажа дека износот на К-15 за секој вработен во Македонија треба да се движи во интервал од 9.123 до 13.403 денари.
Доколку истата пресметка ја адаптираме на најновите податоци на ДЗС за месец август, тогаш износот на К-15 за 2017 година би бил уште поголем во однос на бројките добиени за месец јули. Така, минималниот износ на к-15 би бил 9.164 денари (40% од 22.912 – просечна нето плата по вработен за август), а максималниот износ би изнесувал 13.470 денари (40% од 33.675 – просечната бруто плата по вработен за август.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак