Бизнис
14. August 2017 - 16:24

До крајот на август исплата на ланските субвенции

До крајот на месецов ќе бидат исплатени сите заостанати земјоделски субвенции за 2016. Близу 15 милиони евра ќе легнат на сметките на производителите изјави денеска ресорниот министер. Решенијата за исплата се подготвени а проблемот настанал кај земјоделците кaj kои што при контролите имало разлики  во однос на тоа што го пријавиле во Платажната агенција  и тоа што било констатирано на терен. Сега со назначувањето на новиот директор на Агенцијата исплатата ќе продолжи.

- Оние производители кои поради некоја причина нема да добијат субвенции, да се обратат до Платежната агенција за да се детектира проблемот и да се надмине, апелира Николовски и најави дека Министерството ќе воспостави систем на навремена исплата, изјави Љупчо Николовски Министер за земјоделство шумарство и водостопанство

Николовски информираше дека  до крајот на годината  субвенции ќе добијат и младите земјодлеци како и оние кои ќе се пријават за мерките  за подигање на повеќегодишни насади и за приплодни грла. Потстети дека за оваа година се зголемени субвенциите за пченицата, јачменот како и за лозарите овоштарите и сточарите.

- Со програмата за финансиска поддршка за 2017 ќе се исплатат нови 2 милиони евра повеќе за субвенции...

Аплицирањето за субвенциите за годинашнава реколта трае до 15 септември.