Бизнис
20. November 2017 - 17:38

До Град Скопје доставени 217 барања за субвенции за печки на пелети

До архивата на Град Скопје денеска до 14 часот се доставени 217 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување печки на пелети.

- Комисијата веќе ги разгледува пристигнатите барања и почна да врши увид на инсталираните печки кај барателите кои ги исполниле условите наведени во објавениот Јавен повик, соопшти Град Скопје.

Пријавувањето на јавниот повик на Град Скопје ќе трае до 22 ноември 2017 година.

Јавниот повик е објавен на веб-страницата на Град Скопје (http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654) и во печатени и електронски медиуми.