Свет
14. November 2015 - 13:00

До четврток забранети собири во Париз и околината

Собири на јавни места се забранети во Париз и парискиот регион до четврток на пладне, гласи наредбата на полициската префектура на Париз, пренесува БТА.

Одлуката за забрана се должи на фактот дека силите за внатрешна безбедност се мобилизирани за да се обезбеди безбедноста на главниот град и не можат да се пренаменат од оваа приоритетна задача за да ја гарантираат безбедноста на поворки или собири, гласи наредбата на полициската префект Мишел Кадо.