Бизнис
16. November 2015 - 19:47

До 2020 ќе биде комплетиран железничкиот дел од коридорот 8, инвестициите во Железницата 600 милиони евра

До 2020  Македонија со железница  ќе се поврзе со  Албанија.  До крајот на следната година се очекува целосно да биде завршен проектот за изградба на пругата од Кичево – Лин, до границата со Албанија, која е дел од Коридорот 8.

За реазлиација на проектот интерес има кај повеќе финансиери. Во моментов се инвестираат најкрупните проекти за македоснки железници по повеќе од  30 години.

Паралелно се работи и на коридорот 10.  55 киломентри од пругата одТабановце до Гевгелија веќе е  реконструирана.   Од инфрастуктура потенцираа дека новите возови ќе возат по нови пруги. Се вадат старите кои со години не се променети.  А санирани се и повеќ од 40 делови кои во железничкиот сообраќај важеа за црни точки.

Се модернизираат и железничките станици. Првиот нов модерен воз, вчера беше пробно пуштен на реалација Скопје- Велес.  Наскоро треба да пристигнат и другите 5. Железницата се поднови и со нови 150 товатрни вагони. Сите овие проекти, ќе помогнат макеоднската железница да добие европски лик, значително ќе  му помогнат на стопанството, а на патниците ќе им пружат поудобно патување.