Македонија
15. October 2017 - 14:06

До 13 часот во Гевгелија излезеноста е 35,9 отсто, во Дојран 33,2 отсто, Валандово 30,05 отсто

 До 13 часот во општина Гевгелија од запишани 19.413 гласачи во единствениот избирачки список, за двајца кандидати за градоначалник и четири советнички листи гласале 6.977 избирачи или 35,9 отсто.
 
Од ОИК Богданци информираа дека до 13 часот 2.469 граѓани (35,9 отсто) од запишаните 6.876 граѓани својот глас го дале за еден од кандидатите за градоначалник и советничките листи.
 
Во општина Дојран гласачкото право до 13 часот го искористиле 830 граѓани или 33,2 отсто од запишаните во избирачкиот список, а во општина Валандово излезеноста до 13 часот изнесува 30,05 отсто, односно гласале 3.041 граѓани.
 
Во сите четири општини изборите досега се одвиваат без инциденти, мирно и без нерегуларности, соопштија од општинските изборни комисии.