Македонија
15. October 2017 - 14:03

До 13 часот во Делчево гласале 33 отсто, во Македонска Каменица 41,3 отсто

 Во Општина Делчево до 13 часот гласале 33 проценти од вкупно запишаните избирачи, или 4944 гласачи од вкупно запишаните со право на глас на овие локални избори 15.020.
 
Според ОИК, гласањето на сите 36 избирачки места во Делчево се одвида без проблеми.
 
Во Општина Берово до 13 часот гласале 34 отсто од запишаните  11.169 гласачи со право на глас, додека во Македонска Каменица излезноста до 13 часот е 41,30 отсто или гласале 2792 гласачи од вкупниот број избирачи 4.259.
 
Според ОИК од Македонска Каменица гласањето на сите 17 избирачки места се одвива без проблеми.