Дејвис куп: Македонија поразена од БиХ
07.03.2010 - 21:30 |
Македонската Дејвис куп репрезентација во јули ќе и гостува на Унгарија во меч за опстанок во втората евро-африканска зона, откако вечерва во Велес беше поразена од БиХ со 3-2.
Иако на Македонија денеска и беше потребна само една победа, прво Русевски, а потоа и Магдинчев беа поразени, и со тоа ја прокоцка предноста од 2-1 со која влезе во решавачкиот трет ден од дуелот против БиХ.
Русевски во меч што траеше околу три часа загуби од најдобриот босански тенисер Горчиќ со 3-1 во сетови, а Магдинчев со 3-0 во сетови беше поразен од Шеткиќ.
Со тоа, Македонија ја пропушти шансата да се избори за меч против Естонија за враќање во првата евро-африканска зона, и во јули ќе и гоставува на Унгарија за опстанокот во третиот по квалитет ранг во Дејвис купот.
По дуелот со БиХ, Лазар Магдинчев објави дека дефинитивно се повлекува од сингл натпреварите во репрезентацијата, а такви најави претходно имаше и од Предраг Русевски, Двајцата тенисери изминатите години и ги донесоа на Македонија инајголемите успеси во тениската историја.
Тенис
|

















