Саркози започна пресметка со Ромите

29.07.2010 - 20:14 |

По судирите меѓу полицијата и група Роми во Бретања, Франција планира да го заостри односот кон оваа етничка група.

Имено во наредните три месеци ќе бидат затворени половина од вкупно 300 илегални кампови на Роми во Франција, најави министерот за внатрешни работи Брис Ортефо по кризната средба со претседателот на државата Никола Саркози во Париз.

Тој нагласи и дека Ромите кои ги прекршиле француските закони, по итна постапка ќе бидат протерани од земјата. Повод за судирите во Бретања беше инцидентот во кој полицијата застрела младо ромско момче кое сакало да избегне сообраќајна контрола.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk