Папандреу без нови позиции за името пред Клинтон, најверојатно и пред Обама

09.03.2010 - 10:43 |

Папндреу вечерва по македонско време се сретнува со американскиот претседател Обама. Според најавите и името е дел од агендата.

Сепак тоа звучи премногу оптимистички, имајќи предвид дека средбата во Белата куќа ќе трае само половина час, како и колосалните грчки економски проблеми, прашање е колку простор и време ќе може да му се посвети на името.
 
Во меѓувреме, Друцас потврди - Грција во Америка не однесе нови идеи за решавање на спорот за името со Македонија. По средбата меѓу Папандреу и Клинтон, Друцас со став - ставовите на Атина се познати.
 
- Немаше нови размислувања. Ова е добра можност, вчерашната средба со Клинтон и денешната со Барак Обама, за да се разговара за прашања од особен интерес за Грција: развојот на кипарското прашање, грчко - турските односи, и се разбира, прашањето за името на Поранешната Југословенска Република Македонија. Но грчките позиции за сите овие прашања се јасни и добро познати, и јасно е дека во овој контекст се одвиваат разговори - изјави Друцас.
 
И додека Клинтон на подиумот во Стејт Департментот кокетираше со пофалните изјави пред Папандреу, споменувајќи го 9 пати Балканот и ниту еднаш Македонија, оптимистичка порака пристигна од Брисел. Еврокомесарот Фуле пред Комитетот за надворешни работи на Парламентот повтори дека кај македонските политичари видел волја и фокусираност за решение, констатирајќи дека по средбите Груевски - Папандреу и посетата на Нимиц, сега постои прозорец на можности за решение на спорот со името.
 
Во контекст на односите Грција - Македонија, денеска во Меѓународниот суд на правдата во Хаг се сретнаа претставниците на Грција и Македонија, протоколарно, околу одредување на термините за почетокот на усната расправа, која ќе следува по разгледувањето на претставките од свете страни.
 
Љупчо Цветановски
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Поврзани вести

Ludi grci

Ime, kiparski problem, grcko-turska vojna,ekonomska kriza, strajkovi, kolaps.....dobro grcive imaat nesto asolno so i vo sebe?

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk