Вооружена пресметка во Куманово

24.02.2012 - 13:00 |

Две спротиставени вооружени групи вчера попладне со оружје се пресметувале пред кафе барот „Биг Бен” на улица ЈНА во Куманово. 

Во престрелката нема повредени, но оштетени се пет автомобили кои биле паркирани во близина на престрелката.

Двете групи најпрвин почнале да се расправаат, но за кратко време извадиле пиштоли и пушки и почнале да се пресметуваат. Според очевидците кои пријавиле во полиција, куршуми летале на сите страни.

Инцидентот бил веднаш пријавен во полиција, но додека полицијата стигнала не местото на инцидентот, учесниците се разбегале. Полицијата подоцна уапсила двајца од учесниците во престрелката, додека другите се во бегство.

Според првичните информации, нерасчистени имотно правни односи биле причина за престрелката.

При увидот на местото, полицијата  на пукањето пронашле седум чаури и неколку патрони од ловечка пушка

 

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk