Стабилна хидролошката состојба во Македонија

12.03.2010 - 13:49 |

Хидролошката состојба на целата територија на Македонија е стабилна, информираат од Координативното тело за превенција од природните непогоди, по денешниот состанок на кој биле разгледани и информациите за состојбата на патиштата, водостоите и водотеците во државата.

Тие велат дека и натаму ќе продолжат со активностите и мерките за превенција и заштита на повеќе локации во Република Македонија.

- На патниот правец Струмица – Берово,  по појавувањето на одрон, екипите на ЈП „Македонија пат“, веднаш излегоа на терен и патот е оспособен за сообраќај по едната коловозна лента. На локацијата се работи со вклучена механизација на расчистување и се очекува во текот на денот патот да се оспособи за сообраќај по двете коловозни ленти, се вели во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Одроните на патниот правец Маврово – Дебар, како што се додава, се расчистени уште во текот на вчерашниот ден и овој патен правец е прооден за сообраќај по двете коловозни ленти.

Водотеците во западните делови на Републиката, пред се во сливот на реката Црн Дрим и во Охридско-преспансиот регион се уште имаат тренд на опаѓање на водостојот. Водостојот на Охридско Езеро бележи стагнација и во однос на вчерашниот ден нема промени во нивото.

Во соопштението е наведено дека денеска во посета на Охридско-струшкиот регион со цел увид во активностите на самото место е директорот на Центарот за управување со кризи, Панде Лазаревски.

Во текот на денов продолжуваат активностите за чистење и уредување на речните корита на водотеците Коселска река, Сатеска река и Мал Дрим во општина Охрид кои ги спроведуваат екипите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби локални врнежи од дожд во северните делови од земјата. За попладне се предвидува намалување на облачноста и престанување на врнежите. За утре се прогнозира сончево време со умерена облачност.
 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk