Прекршочни пријави за бизнисмените од Велес
30.07.2010 - 17:26 |
Прекршочни пријави за нарушување на редот и мирот заработија бизнисмените ортаци од Велес.
Полицијата утврдила дека во вчерашната тепачка пред влезот на поранешна Свилара, двајцата си размениле тупаници.
Сопственикот на Дидо Груп, Сотир Ампов и денеска не сакаше јавно да зборува.
Во телефонски разговор негираше дека го удрил својот ортак. Тврди дека Василис Карадоламис прв замавнал кон него. Вчера Карадоламис излезе со своја приказна.
Ампов и Карадоламис шест години се ортаци во управувањето со објектите на поранешна Свилара.
Зоран Јаневски
Поврзани вести
Македонија
|



















Коментирај