На патот Македонска Каменица-Саса на местото Павлич дол попладнево во 12,20 минути се случи сообраќајна несреќа во која се повредени четири деца и возач на комбе, кој ги пренесувал децата на училиште.
Портпаролот на СВР Штип Снежана Санева информира дека до несреќата дошло откако џип „дефендер“ во сопственост на полициското одделение на Македонска Каменица и комбе кое превезувало ученици од селото Саса во Македонска Каменица имале директен судар.
Четирите деца и возачот се транспортирани во Општата болница во Кочани, по што ќе се утврдат повредите.
Санева потенцира дека истрага на местото на несреќата извршиле истражен судија, основен јавен обвинител и полициска екипа. Причините за судирот помеѓу полициското возило и комбетето ќе се утврдуваат дополнително.
Коментирај