Поплавени куќи и улици во охридско

12.03.2010 - 21:41 |

Поплавени куќи, подруми, бавчи и улици ваква  е сликата во охридско -струшкиот регион како резултат на временските неприлики.

Како резултат на поројните врнежи од дожд според утринските мерења забележано е повторно покачување на нивото на Охридското езеро и тоа за еден сантиметар и моментално се наоѓа на 26 сантиметри над максималната дозволена кота.
 
Од Координативното тело за превенција најавија дека водотеците пред се во сливот на реката Црн Дрим имаат тренд на опаѓање, од портите на реката Црн Дрим во Струга се испуштаат 66 метри кубни вода во секунда.
 
Денеска од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поради развојот на настаните во Охрид околу отпатувањето на градоначалникот на Охрид и неговата делегација во Австралија во најлош можен тајминг за градот побараа од претседателот на Советот на општина Охрид согласно член 42 од Деловникот за работа на Советот на една единствена точка на дневен ред -Информација за патување на Градоначалникот на Охрид и неговата делегација во Австралија.
 
Инаку за утре група граѓани од Охрид најавија протест пред општинската зграда по повод заминувањето на охридскиот градоначалник во Австралија во моменти кога му е најпотребен на градот и на неговите сограѓани.
 
Нина Аритоновска
 
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk