Петрески ќе ја прекине посетата на Австралија, само ако е неопходно

11.03.2010 - 23:03 |

Охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој се наоѓа во официјална посета на Австралија, попладнево од Сиднеј порача дека патувањето ќе го прекине доколку по своја лична проценка оцени оти ситуацијата предизвикана од неповолните временски услови драстично се влоши.

Тој во изјавата за македонските медиуми истакна дека ја следи состојбата со Охридското Езеро и оти е во постојан контакт со надлежните служби во општината кои, според него, се целосно подготвени да се справат со проблемите.
 
Петрески од Сиднеј им упати забелешка на сите кои го критикуваат дека неговото отсуство се злоупотребува со цел некој и на тоа да заработи политички поени и да ја тргне сопствената одговорност за ескалирањето на проблемот со Охридското Езеро.
 
- Некоректно е за градот што го претставувам и несериозно кон граѓаните да ги откажам официјалните средби и посети за кои одамна се направени подготовки од Македонската заедница во Австралија, а инволвирани се австралиски градоначалници, високи политички претставници и угледни иселеници, наведува Петрески.
 
Во отсуство на градоначалникот, општинската администрација денеска излезе со контрадикторни информации околу евентуалното предвремено враќање на Петрески од Австралија. Тоа од него го побара и неговата матична партија, која соопшти дека Петрески ги прифатил забелешките и оти ќе се врател во земјата.
 
Инаку, градоначалникот на Охрид, утре започнува со договорените средби во Сиднеј. Домаќин на Петрески ќе му биде Бил Серавиновски градоначалник на Рокдаил, општина во Сиднеј со најголем број македонски иселеници.
 
Предвидено е Петрески да има и официјална посета на Парламенот на Нов Јужен Велс, а ќе посети и повеќе општини во Австралија каде живеат голем број македонски иселеници. Тој се очекува да оствари средби и со потенцијални странски инвеститори, а ќе ги претстави и можностите за економски и туристички развој што ги нуди Охрид, со акцент на субвенциите за носење странски туристи и даночните олеснувања за странски инвестиции во Охрид и Македонија.
 

gradonacalnik

NEka kaze samo vo kakov postojan kontakt e koga vremenskata zona e + 10 casa so melburn?!? Posle naporniot den po restorani i fudb. natprevari, sluzbite od ohrid ke go budat sred spienje? Ma dajte

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk