Милошоски: Немаме ништо против Филе да се сретне со Нимиц

12.03.2010 - 15:09 |

Шефот на македонската дипломатија потврди – Брисел и еврокомесарот Фуле се заинтересирани за спорот со Грција. Милошоски од прва рака од Фуле во Кордоба добил информација дека еврокомесарот е во постојан контакт со медијаторот Нимиц.

Македонија во зголемениот интерес на Европската Унија гледа само корист, немало што да криеме - и Нимиц ќе посведочел дела нашиот пристап во преговорите е конструктивен. Проблемот, Милошоски повторно го лоцира во Грција.
 
- Ние досега го даваме нашиот максимум. Грција, за жал, во изминативе 18 години нема покажано никаков сигнал што може да не доведе до компромис и кој што би бил прифатлив - посочи Милошоски.
 
Околу најавите за нова рунда преговори, Милошоски дециден – расположени сме и преговарачот Јолески е на располагање за средба со Нимиц и Василакис. За средбата Обама – Папандреу и можноста за поголема вмешаност на Вашингтон министерот резервиран – имаме добри односи со САД и очекуваме интересот да продолжи, но напредокот зависи од Скопје и Атина...
 
По два дена константно ретерирање во ставовите и медиумските шпекулации, неговиот колега Друцас од Атина денеска обелодени - Нема американски предлог за решавање на прашањето за името...
- Нема предлог од САД. Она што имаме е нашата грчка национална црвена линија која ние им ја нагласивме на нашите соговорници, односно позицијата „ерга омнес” - сложено име со географска одредница. Она за што Грција разговара под мандатот на ОН е јасно: изнаоѓање заедничко прифатливо решение со нашата соседна земја” – изјави Друцас.
 
Во игра се уште се најавите за нова средба Груевски – Папандреу во Брисел, како и нова рунда преговори во форматот Нимиц-Јолевски-Василакис. Последната заедничка средба меѓу преговарачите се оддржа пред цели 9 месеци...
 
Љупчо Цветановски
 
 
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk