Милошоски на средба со албанскиот министер за надворешни работи

08.02.2010 - 18:21 |

 

Пописот следната година во Албанија ќе биде добра можност Македонците без проблеми да ја изразат својата етничка припадност.

 

 

Една од темите меѓу македонскиот и албанскиот министер за надворешни работи, Милошоски и Топи биле правата на етничките малцинства, кои треба да бидат мост на подобрување на политичките односи меѓу двете држави.
 
Иако новинарите се интересирале за изучувањето на македонскиот јазик од прво одделение од страна етничките заедници, нема информации дали проблемот за непречено изучување на македонскиот јазик во Албанија, бил отворен како тема.
 
Овој проблем бил и еден од неколкуте за чие решение, Македонците од Албанија, неодамна побарале помош и од претседателот Ѓорге Иванов. Високата делегација, која била во Скопја, од Иванов добила уверување дека ова и некои други прашања ќе бидат покренати на официјалните и работните средби со албанските власти.
 
Интересно е тоа што Кабинетот на претседателот Иванов за оваа средба не ја информираше јавноста. Во неговиот Кабинет велат дека тоа биле еден од редовните работни средби и затоа немало потреба од медиумско покривање.
 
Инаку, македонското малцинство во Албанија, за проблемот со македонскиот јазик веќе ги алармирале и меѓународните институции.
 
Македонската партијата, која е коалиционен партнер на владејачката партија на Сали Бериша, очекува неговата влада да овозможи непречено изразување на македонскиот етнички идентитет.
 
Марјан Николовски
 

 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk