Милошоски: Без грчка блокада Македонија ќе беше на пат кон ЕУ

29.07.2010 - 20:27 |

Шефот на македонската дипломатија изјави дека доколку не постоела грчката блокада, Македонија ќе беше на пат да стане членка на Европската Унија заедно со Хрватска.

Милошоски , во интервју за бриселскиот неделник Европски глас, изразува чувство на фрустрираност од грчката блокада поради нерелевантни причини.

- Ако Грција не го наметнеше своето билатерално прашање на Македонија, денеска земјата ќе беше на пат да стане членка (на ЕУ) заедно со Хрватска. Грција знае дека фактите и правдата се на наша страна во спорот со името - вели Милошоски.

Европски глас потсетува дека Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ од 2005-та година, но дека отворањето на пристапните преговори е спречено од Грција.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk