Ова се дел од точките на кои е ставен акцентот во последниот годишен извештај на американскиот Стејт Департмент посветен на човековите права.
Во него, американските власти најмногу забележуваат на владината поддршка за изградба на православен храм на скопскиот плоштад, која според нив резултирала со нарушување на односите меѓу доминантните етнички заедници во земјава. Американците критички гледаат и на влијанието врз судовите, потенцирајќи дека, политичкиот притисок и заплашувањето на судиите не дозоволува независни судски одлуки. Констатиран е и застој во спроведувањето на судските реформи, а најголем акцент е ставен на сосотојбата во затворите
Кога сме кај затворите, американскиот Стејт департмент забележува за нехуманите и деградирачки услови за живот во затворите. Дека ситуацијата не е сјајна говори и вчерашната тепачка меѓу двајца затворски чувари во една од зградите во Идризово. Но тоа го нема во извештајот. Она на што американците забележуваат е бруталниот однос на чуварите кон осудените лица и високото ниво на корупција меѓу затворскиот персонал
Дека извештајот не е далеку од вистината, за Сител потврдуваат и осуденици од Идризово
-Катастрофа, условите за живот се многу лоши. ако не ти донесат лажица и чинија од дома ќе нема во што да јадеш. Нема ниту кај да се избањаме.
- Чуварите се однесуваат различно. Ако имаш пари да му дадеш, петтстотче или илјадарче, тогаш и ќе можеш да се шеташ, да излегуваш, да се јавиш на телефон, вели еден осуденик од Идризово.
Затворениците забележуваат и на непрофесионалниот однос на затворскиот персонал. Велат, често се случува затворските чувари на работа да дојдат пијани па во таква ситуација, без никаква причина брутално да претепаат некој од осудениците.
Апелираат итно да се подобрат условите за живот во затворите ширум земјава, бидејќи во спротивно, лесно може да дојде до ексалација на незадоволството.
Александар Спасовски
Петар
Почитувани
Ќе ве молам и би сакал, како граѓанин на оваа држава да не се објавуваат повеќе вести за Затворите бидејки тие се најмалку важните на оваа држава за нејзините евро интеграции или за подобрувањето на стандардот и условите за живот. Лично од моите пари со коишто плаќам данок на оваа држава а чесно ги заработувам не сакам ама буквално ни денар да се вложи во Затворите бидејки во сите затвори во РМ освен Идризово условите се подобри од сите студентски домови, градинки, здравствени установи итн. па дури условите за живот се подобри и од домовите на 70% од осудените лица.
За подоброто на Македонија и ако сакате да придонесете нешто за оваа држава Ве молам известувајте за останатите институции и установи на кои многу повеке им се потребни парите за реновирање односно за обновување отколку, веќе и премногу што се вложи во Затворите.
А за споредба со Американските Затвори би ве замолил да го изгледате клипов (ова го нема кај нас) па потоа коментирајте.
http://www.youtube.com/watch?v=Is8xWFpkyJ8&feature=related
А да не зборуваме за смртната казна споредбено со хуманоста!?
Однапред Ви благодарам доколку го објавите коментарот.
Коментирај