Хоспитализирани 18 нови пациенти
14.12.2009 - 16:15 |
Во текот на изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани седум нови пациенти сомнителни за инфлуенца А (Х1Н1) и таму во моментот се лекуваат 100 пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај три лица со потешка форма на пневмонија, кои се поставени на респиратор, соопшти Министерството за здравство.
На инфективното одделение во Воената болница е хоспитализиран еден нов пациент, а вкупно се хоспитализирани 36 лице со симптоми на грип.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани седум нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 56 деца на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, кои имаат потешка форма на пневмонија и се на кислородна поддршка.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште три нови пациенти со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 50 деца.
Од Градскиот завод–Скопје информираат дека денеска до 14 часот се вакцинирале 250 граѓани, а вкупната бројка на досега вакцинирани во Скопје изнесува околу 3.000 лица, додека во целата држава, против новиот тип на грип до денеска се имунизирале над 10.000 граѓани, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Македонија
|






















od makedonija
taka e site drzavi gi ispustile decata a nie tesko na nasite deca
od makedonija
taka e site drzavi gi ispustile decata a nie tesko na nasite deca
Коментирај