Филмскиот фонд ги објави резултатите од конкурсот за филмска дејност во 2010 година

12.03.2010 - 20:41 |

Проектот за анимираниот филм “Его Дет” на режисерот Иван Иваносвски е пример како да се добијат средства од Филмскиот фонд на Македонија. 

По несеризниот пристап од страна на филмските работници Фондот драстично ги помести критериумите. Ивановски режисерските способности ги потврди на фестивалот во Словенија.
 
Боите на Македонија ги одбрани со високо признание. Сега останува за една година да го затвори буџетот на проектот. Да најде копродукции па да ги добие парите од Филмскиот Фонд. До тогаш ќе добие само 5 проценти од целосниот износ на средствата.
 
Ако некогаш режисерите сами одлучуваа кога ќе започнат со работа, сега тоа нема да биде пракса. Од Фондот најавуваат строга ревезија, за да не се повтори хаосот од измината година кога во ист период започнаа снимањата на седум филма.
 
Фондот ја објави усвоената програма за филмската дејност за 2010та. Долгометражни филмови ќе снимаат пет режисери. Дел од нив се Игор Иванов Изи и Антонио Митриќески.
 
Не изостанаа и краткометражните, документарните и анимираните филмови. Буџетот на фондот за оваа година изнесува 110,000,000 денари.
 
Вероника Камчевска
 
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk