Eтнофестивалот во Берово го снимаат филмаџии од САД
Американската продуцентска куќа “По патот на ритамот” ќе снима документарен филм за Етно плоштад фестивалот во Берово.
По само три години постоење најзначајната културно забавна манифестација во Малешевијата ги привлече странските автори кои се во потрага по изворниот фолклор од сите делови на светот.
- Во изминативе 13 месеци посетивме 19 различни земји и се обидовме да ја пронајдеме традиционалната музика и инструментите-изјави Гери Блантон, извршен продуцент “По патот на ритамот”.
За фестивалот дознал преку интернет и иако скоро и да го обиколиле светот, сепак во Македонија се надева дека ќе се соочат со нешто навистина оригинално и уникатно.
- Посетивме неколку фестивали во Сингапур, Азија, неколку во Северна Америка, но ова е различно, сепак ова е Балкан- изјави Блантон.
Филмот ќе биде целосно завршен кон крајот на годинава, кога покрај Беровскиот како претставник на Европа, ќе бидат комплетирани материјалите и од етно фестивалите од Африка, Азија и Северна Америка.
Премиерно ќе биде прикажан на некој од фестивалите за документарен филм , а подоцна и на големите светски сервиси специјализирани за ваков вид програми. Од локалната самоуправа велат дека сето ова само по себе зборува за реномето на беровската манифестација.
- Од огромно значење е за нас од Општината, посебно за равојот на туризмот, сметајќи дека ова ќе биде пренесено во целиот свет- изјави Драги Наџински, градоначалник на Берово
Етно плоштад фестивалот и годинава ќе се одржи на 26 и 27 август, на кој ќе земат учество претставници од повеќе земји, а ќе се одржи и етно саем на традиционални домашни производи.
Трајан Ристовски
Македонија
|






















Super
Pa da Balkan e Balkan. Zoshto toj e kluchot na belata rasa. Taka da kako shto e Afrika za crnechkata kultura, Azija za kulturata na zholtata rasa taka Balkanot e kultura na belata rasa. Simple as that!
Коментирај