22.10.2014 - 15:48 |
Последна промена пред 3 сек

Државната матура годинава со послаби резултати

Според извори од државниот испитен центар, резултатите се полоши,  но матурата е поквалитетна и пообјективна.  Учениците добиле речиси исти оценки како оние со кои наставниците ги оцениле на крајот од годината.

Ако минатата година 11 проценти од матурантите по македонски јазик добиле петки, сега процентот е значително опаднат и изнесува 6.

Лани 20 одсто од учениците кои го решаваат тестот по албански јазик беа одлично оценети,  сега процентт изнесува едвај 2.

Објективноста и квалитетот на спроведената државна матура од државниот испитен центар ја гледаат и во тоа што за прв пат годинава тестовите беа дистрибурани само неколку часа пред полагањето, и беше исклучена секаква можност за пробивање на тестот.

Денеска и утре резултатите од државната матура ќе се дитрибуираат до сите средни училишта во земјава.

Каква оценка добиле учениците на тестот од државната матура,  ќе знаат в четврток кога ќе бидат  објавени прелиминарните резултати на огласните табли во училиштата. Доколку не бидат задоволни, матурантите имаат и можност за приговор кој ќе ги чини 1000 денари.

Весна Ќуксановиќ

Македонија