Александар Микиќ по втор пат добитник на наградата „АМФИ“
19.03.2010 - 23:02 |
Александар Микиќ и годинава е добитник на наградата „АМФИ“, која МНТ ја востанови лани, а се доделува на актер кој играл во најмногу претстави и е носител на репертоарот на МНТ за 2009/2010 година.
Режисерот Бојан Трифуновски на денешната прес - конференција рече дека според податоците на МНТ, минатата година во Македонскиот народен театар имало 326 денови со проби, 253 денови со претстава од кои 220 на репертоарот на МНТ со 33 гостувања од Македонија и други земји од Европа.
- Од тие 220 одиграни претстави, Александар Микиќ на сцената се појавил 99 пати, рече Трифуновски.
Сашко Коцев, актер и водител на овогодинешното доделување на наградата „АМФИ“, посочи дека програмата ќе биде во неколку дела.
- Оваа манифестација претставува мал интерен оскаровски момент во Македонскиот народен театар кој што треба да помине многу шармантно и забавно, додаде Коцев.
На самата манифетсација ќе биде воведено онлајн гласање за неколку различни номинации, а во другиот дел од програмата ќе се одигра претставата „Тупаница полна со љубов“ која на 8 април во Берлин треба да ја има својата премиера.
Македонија
|


















Коментирај