„Мојот пратеник“ - Анализа за активностите на пратениците

30.07.2010 - 17:05 |

Флора Кадриу од Нова Демократија, во изминатите шест месеци поставила најмногу пратенички прашања во Собранието и тоа вкупно 18.

Најмногу поднесени предлог-закони поднела пратеничката од редовите на СДСМ, Станка Анастасова, вкупно 15, а најмногу амандмани поднел Томе Чинговски, односно 362.

Ова се само дел од податоците објавени во публикацијата Мојот пратеник, издание кое ги анализира активностите на пратениците во последните шест месеци.

Во извештајот стои дека Весна Бендевска од СДСМ најмногу дискутирала на пленарните седници односно 59 пати, а го држи и првото место по број на реплики. Се јавила дури 104 пати.

Пратениците од албанскиот политички блок имаат најмногу отсуства. На прво место е Мендух Тачи со 63 оправдани отсуста. Со ист број на отсуства се Арбен Џафери, Садие Иљази како и Имер Алиу.

Од јануари до јуни годинава, вкупно 29 пратеници од сите политички партии воопшто немаат диксутирано на пленарните седници, а 17 немаат дискутирано на седниците за работни и други собраниски тела.

Публикацијата Мојот пратеник кое е седмо по ред, излегува два пати годишно во издание на Собранието на РМ.

 

Елена Бошковска

 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk