Во 21. коло во Примера без гостинска победа

08.02.2010 - 11:21 |

Ниту една гостинска победа немаше во 21. коло од Шпанското фудбалско првенство, а единствените два бода на гостински терен ги освоија Депортиво и Атлетико Мадрид.
 

Токму тимот од Мадрид беше и најблиску до трите бода откако имаше водство на гостувањето кај Расинг во последниот синоќешен натпревар, но сепак домашните изедначија на 1:1.

Без проблеми водечката двојка ги освои бодовите на домашен терен, Барселона го победи Хетафе со 2:1, а Реал Мадрид беше подобар од Еспањол со 3:0.

На другите натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Валенсија – Ваљадолид 2:0, Атлетик Билбао – Ксерез 3:2, Малага – Депортиво 0:0, Мајорка – Виљареал 1:0, Алмерија – Спортинг 3:1, Осасуна – Тенерифе 1:0 и Сарагоса – Севиља 2:1.

На чело на табелата е Барселона со 55 бодови, Реал Мадрид е втор со 50, Валенсија има 42, Мајорка 37, а Севиља 36,...

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk