Барнли и Стоук одиграа без победник во заостанат натпревар од Премиер лигата

11.03.2010 - 10:39 |

Во англискиот фудбалски шампионат синоќа се одигра уште еден одложен натпревар. Барнли и Стоук одиграа без победник 1:1, во дуел од 21. коло, кој првично беше закажан за 11 јануари, но поради тогашните лоши временски услови во Англија, оваа средба како и осум други беа одложени.

Гостите поведоа во 23 минута со голот на Тунчај, додека изендачувањето за Барнли го донесе Наџент со погодокот во 51 минута.

Со освоениот бод Барнли со 24 бодови од 19. место се искачи на 18. место поради подобрата гол разлика од Хал, кој има ист број бодови. Барнли и натаму се наоѓа во опасната зона за испаѓање.

Екипата на Стоук со 35 бодови се зацврсти во средината на табелата.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk