Сопругот на овогодинешната добитничка на Оскар за најдобра актерка Сандра Булок, Џеси Џејмс, во изјава за американското списание „Пипл“ и се извини на неговата сопруга, но не призна дека ја изневерувал.
- Голем дел од објавените тврдења се невистинити и неосновани. Во целиот овој случај само еден човек може да биде одговорен, а тоа сум јас. Неспособноста правилно да ги проценам луѓето е главна причина за овој негативен настан. Сето ова предизвика болка и срам кај мојата сопруга и кај моите деца, а и јас исто така многу страдам. Се надевам дека тие ќе можат да ми простат и искрено жалам за болката што им ја предизвикав, изјави Џејмс.
Кризата изби кога 32 годишна манекенка изјави дека имала врска со Џејмс, додека Булок го снимала филмот „Слепата страна“. Поради овие тврдења Булок го откажа гостувањето на премиерата на филмот во Лондон.
Според „Пипл“ Булок и Џејмс повеќе не живеат заедно. Актерката уште пред неколку дена ја напуштила нивната заедничка куќа во Калифорнија.
Булок и Џејмс стапија во брак во 2005 година. Тие немаат заедничко дете, а Џејмс има три деца од претходните два брака.